Ѕверката од „Сексот и градот“ стана татко по втор пат

371 прегледи

Американскиот актер Крис Нот, попознат како Ѕверката од популарната серија „Сексот и градот“ во септември минатата година ги израдува своите обожаватели со објавата дека ќе стане татко по втор пат.

Тоа сега и се случи, Крис доби син на 66 години.

Неговата сопруга Тара Лин Вилсон на свет го донела нивниот втор син, кој го доби името Кит, по англискиот поет Џон Китс.

https://www.instagram.com/p/B8vCaSspDy8/

Радосната вест, актерот ја споделил на инстаграм, објавувајќи слика од бебето.

Крис Нот се ожени со актерката Тара Лин Вилсон во 2012 година. Пред бракот имале долгогодишна врска, а во 2008 година им се роди синот Орајон.

https://www.instagram.com/p/B2kGdhbH0TA/

Слични содржини