Ѕвезда од турски серии може да заврши зад решетки – ја малтретирал 20-години помладата сопруга

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Турскиот актер Озкан Денис (48), кој на публиката и е познат по улогите во сериите „Невеста од Истанбул“ и „Судбина“, може да заврши во затвор за насилство врз неговата 20-години помлада поранешна сопруга Фејза Актан.

Како што пишуваат турските медиуми, истрагата за случајот е завршена и обвинителството покренало тужба против Озкан, во која се бара затворска казна од шест месеци до максимум година и пол.

Фејза рече дека актерот ја истепал неколку пати, а прв пат тоа се случило пред три години во нивната куќа во областа Сарјер.

Таа откри дека насилен инцидент се случил и додека биле во Германија, а според турските медиуми, дадилката на синот на поранешните сопружници, нивни заеднички пријатели и сестрата на Фејза сведочеле пред судот.

Озкан рече дека обвинувањата на неговата поранешна сопруга не биле вистинити и тој не ги прифаќа.

Моделот ги достави како доказ наодите од болницата од јуни 2019 година, на кои пишува дека е полесно повредена.

На крајот на јануари, актерот објави фотографија со неговиот син на Инстаграм, а најчесто споделува снимки и слики од снимањето на неговите нови проекти.

Тој ја забрани опцијата да се коментира на неговиот профил на Инстаграм под секоја објава поради целата ситуација во која се најде.

Патем, Дениз и Актан се разведоа по 15 месеци брак и го имаат синот Кузеј, кого го добија во 2018 година. Поранешниот пар го дели старателството над детето.

Слични содржини