Ѕвездата на Норвич го менува Грилиш во Астон Вила

од Stefanija Kuzmanovska

Астон Вила се бори за играчот од средниот ред на Норич, Тод Кантвел, кој би требало да ја замени нивната ѕвезда Џек Грилиш, објави „Скај Спортс“.

Според нивни извори, клубот од Бирмингем планира да потпише со 23-годишниот Англичанец откако ќе заврши продажбата на Грилиш во Манчестер Сити.

Во сезоната 2020/21 Кантвел настапи на 34 натпревари за Норич, на кои постигна 6 гола и направи 8 асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 22 милиони евра.

Слични содржини