Актерот кој се прослави уште како дете со улогата на Елиот во легендарниот филм за Е.Т вонземјанинот, оваа недела е уапсен за возење под дејство на недозволени супстанции.
Хенри Томас, кој имаше само 10 години кога ја играше улогата на Елиот, бил задржан во полицијата во Тулатин откако го нашле како заспал на волан на среде раскрсница.
Според информациите моторциклист кој поминал на раскрсницата, пријавил во полиција дека автомобил стои на среде раскрсницата. Кога стигнале полицајците одвај го разбудиле Томас.
Актерот (48) бил однесен во притвор и обвинет за управување на возило под дејство на недозволени супстанции. Иако ниту актерот ниту автобомилот не мирисале на алкохол, според полицијата забележително било дека тој е под дејство на други недозволени средства. Подоцна Хенри бил ослободен со кауција.
Иако Хенри е најпрепознатлив по улогата на Елиот, сепак тој имаше забележителни улоги во серии и филмови , како „Бандите од Њујорк“, „Легенда за пропаста“ и други.