Актерката Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда од „Сексот и градот“, конечно ja покажа својата долгогодишна партнерка.
Синтија Никсон, 56-годишната актерка најпозната по улогата на Миранда во „Сексот и градот“, објави фотографија со својата сопруга на годишнината од бракот на социјалните мрежи.
Имено, Никсон и нејзината сопруга Кристин Маринони неодамна прославија десет години брак, а на фотографиите позираа прегрнати во Њујорк.
На фотографијата е Синтија облечена во жолта венчаница и златен украс на главата додека нејзината партнерка облекла црн костум во комбинација вратоврска во маслинеста боја.
Во описот на фотографијата Никсон го напиша датумот на венчавката „27.5.2012“, а во коментарите пријателите, семејството и придружниците ги опсипуваа со честитки за десетгодишнината од бракот.