Актерката Ким Катрал „еруптираше“ против колешка Сара Џесика Паркер, со која се здружи во хит серијата „Сексот и градот“ и сними два филма со неа.
Повод за гневниот испад на Катрал станало искажувањето „лажно“ сочувство од страна на Паркер по смртта на 55-годишниот брат на Катрал – Кристофер. Тој беше пронајден мртов откако актерката упати повик до корисниците на социјалните мрежи да помогнат во потрагата по него.
Сара Џесика Паркер одлучила да ги остави зад себе несогласувањата со својата колешка, настанати минатата година, и да ја потврди својата поддршка.
Во Instagram Катрал, сепак, напишала прилично директна порака до Паркер, која гласи: „Немам потреба од твојата љубов или поддршка во овој момент на тага. Мајка ми денес ме праша: „Кога оваа Сара Џесика Паркер, лицемерката, ќе те остави на мира?“ Твојот обид да се поврзеш со мене ме потсети колку сурова беше и си остануваш. Да ти појаснам едно нешто: ти не си дел од моето семејство, ниту си ми другарка. Значи за последен пат ќе те повикам да не ја користиш нашата трагедија, обидувајќи се да го ппвратиш имиџот на „добра девојка“.
Недоразбирање меѓу двете актерки се појави откако се појавија тврдења дека каприците на Катрал станале причина да пропаднат снимките на планираниот трет филм од серијалот „Сексот и градот“.