Дева Касел има само 16 години, а од минатата зима е под будното око на модната јавност. Ќерката на Белучи (56) и Винсент Касел (54) се занимава со моделирање, а многумина се толку маѓепсани од нејзината убавина што велат дека ја надминува репутацијата на нејзината мајка.
Дева за прв пат формално се појави во јавноста на Миланската модна недела во Милано во декември 2019 година, а кратко пред тоа започна да гради кариера како модел, а интересно е што дотогаш нејзиниот профил на Инстаграм беше заклучен за јавноста.
Дева го потпиша својот прв договор со модна куќа во април минатата година, за снимање реклама за парфем што се одржа во Италија, за парфемот „Долче и Габана“, на езерото Комо.
Откако се најде во центарот на вниманието на јавноста, младата Касел го претстави и момчето со кое се забавува, а тоа е моделот Лука Саландра со кого, во друштво на неговата постара сестра и пријатели, често ужива во Сен Тропе. Како и таа, Лука има француско-италијанско потекло.
Патем, Дева неверојатно потсетува на нејзината мајка Моника, па не е ни чудо што многумина ја споредуваат нивната убавина.