Сигурно се сеќавате на популарните сестри Антонија Тои и Енкарнакин Енкарна Салазар, кои ја сочинуваа групата Азукар Морено, а врвот на својата кариера го доживеаја во 1990 година на Евровизија, претставувајќи ја Шпанија со песната Бандидо. Оваа песна се пее и денес, а еве како сега изгледаат атрактивните сестри сега.
Овие сестри се сметаат за меѓу првите уметници во Шпанија кои го комбинираат своето ромско наследство и традиционалниот начин на пеење „кантаора“ со урбан танцов ритам.
Со песната Бандидо, сестрите ја претставуваа Шпанија на Евровизија во 1990 година, што се одржа во поранешна Југославија, поточно во Загреб.
Во салата Лисински имаа мал пех, а настапот остана запаметен по технички проблем поради кој двапати излегоа на сцената.
Антонија пред неколку години објави дека дуото се повлекува од музичката сцена на неодредено време, бидејќи на нејзината сестра ѝ бил дијагностициран рак на дојка.
Во меѓувреме, Енкарна целосно се опорави, а потоа објавија дека поради лични причини немаат намера да брзаат да ја обноват кариерата.
Меѓутоа, во октомври 2013 година повторно се здружија во ТВ шоу, како дует, но и како сестри.
Да потсетиме, сестрите Салазар отсекогаш биле мета на многу озборувања, најмногу поради нивните лични несогласувања. Тие две имаат и најмногу фанови меѓу геј заедницата во Шпанија. Од 1984 година, тие продадоа повеќе од три милиони албуми и синглови во Шпанија, а во деведесеттите станаа познати во остатокот од Европа, Латинска Америка и САД, со продадени 12 милиони албуми.