Јапонски министер поднесе оставка поради несоодветен коментар

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Јапонскиот министер за правда Јашухиро Ханаши ја поднесе својата оставка до премиер на земјата Фумио Кишида поради коментарите за смртната казна кои беа критикувани како несоодветни.

Ханаши на партиски состанок пред два дена рече дека неговите одлуки може да се појавуваат на вестите за време на ручек само кога тој го користи својот печат за да одобри егзекуции наутро, пренесува АП.

Ханаши ја извршуваше функцијата министер за правда само три месеци и ќе биде вториот министер што ќе биде разрешен по реконструкцијата на владата во август.

Слични содржини