Јужна Кореја: Пјонгјанг истрела најмалку една балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Јужнокорејската војска објави дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета кон Источното Море. Воениот штаб на Јужна Кореја не соопшти до каде летала ракетата.

Лансирањето беше продолжение на неодамнешното прикажување на оружје на Северна Кореја, вклучително и десетици проектили минатата недела, кои Пјонгјанг ги нарече симулирани напади врз јужнокорејски и американски цели кои одржуваат заеднички воздушни воени вежби, пренесе „Танјуг“.

Јужнокорејски и американски официјални лица изјавија дека Пјонгјанг, исто така, направил технички подготовки за тестирање нуклеарно оружје за првпат од 2017 година.

Слични содржини