Во првата егзекуција во Јужна Каролина по 13 години, Фреди Овенс (46), кој беше погубен, беше осуден за убиство на службеник во продавница во Гринвил во 1997 година за време на вооружен грабеж.
Додека траеше судската постапка против него, Овенс убил уште еден затвореник во окружниот затвор, пренесува АП.
Неговото признание за нападот беше прочитано пред две различни пороти и судија, кои сите го осудија на смрт.
Јужна Каролина извршила 43 егзекуции од воведувањето на смртната казна во САД во 1976 година.
Во раните 2000-ти, оваа американска држава во просек извршуваше три смртни казни годишно.
Откако егзекуциите беа суспендирани во 2011 година, бидејќи затворските службеници не беа во можност да ги добијат лековите потребни за смртоносни инјекции, бројот на затвореници кои чекаат егзекуција се намали – од 63 затвореници во 2011 година, остануваат 31.
На околу 20 затвореници им е сменета затворската казна по жалбите, додека други починале од природна смрт, пренесува Танјуг.