Џафери на проштална средба со словенечкиот амбасадор Предан

од Radmila Tasevska
155 прегледи

Денес претседателот на Собранието Талат Џафери, имаше проштална средба со словенечкиот амбасадор во Република Северна Македонија, Милан Предан.

-Џафери на средбата изрази задоволство од досегашната соработка со Амбасадата на Република Словенија и заложбата и посветеноста на амбасадорот во текот на неговиот мандат, за време на пандемијата и за целокупното унапредување и збогатување на односите меѓу двете земји, вклучително и на парламентарно ниво. Тој тави акцент на долгогодишните билатерални односи меѓу двете држави и динамиката на средби на ниво на претседатели на држави, на влади и на парламенти, како и на ниво на комисии и пратенички групи за соработка, кои се најголемата потврда за взаемната желба за поблиско поврзување меѓу нашите двете земји, соопштуваат од собраниската прес-служба.

Амбасадорот Предан на средбата изразил благодарност за приемот во Собранието на Република Северна Македонија и нагласил дека и тој самиот е задоволен од успешната реализација на неговиот мандат во Република Северна Македонија. Истакнал дека Словенија е меѓу најблиските земји пријатели и поддржувачи на Република Северна Македонија во однос на евроинтеграцискиот пат и станувањето полноправна членка на ЕУ, но и како голем инвеститор во земјата од економски аспект. Амбасадорот изразил надеж дека двете земји ќе продолжат да ги негуваат своите меѓусебни односи со несмален интензитет.

Исто така на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во Собранието, парламентарниот дијалог, работата на ЕУ агендата и динамиката на усвојувањето на законите, вклучувањето на Собранието во скрининг процесот и напредокот на Дијалогот Жан Моне, а се осврнаа и на уставните измени.

Џафери му врачи на амбасадорот Предан признание и му посака личен успех и напредок во понатамошниот професионален ангажман.

Слични содржини