Претседателот на Собранието Талат Џафери кој денеска и во својство на пратеник од гостиварскиот регион беше дел од мобилниот парламентарен карван „Собрание за граѓаните“ изјави дека поради интересот за продолжување на евроинтеграциските процеси сите пратеници и политички субјекти во Собранието треба на уставните амандмани да гледаат како на нешто што е од особен интерес на државата и за граѓаните.
Тој нагласи дека партиите декларативно не се против една или повеќе етнички заедници да бидат вклучени во Уставот.
– Во моментов не може да кажеме дека имаме доволен број на пратеници за да се отвори Уставот со цел внесување на бугарска етничка заедница, тоа е, такви се бројките, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.
Тој ги повика партиите во парламентот, со оглед на тоа што декларативно се за членство на земјава во ЕУ, пред сѐ да работат за интересите на државата.