186
Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека предлогот на кандидатот за претседател на републиканците, Ники Хејли за полагање на тест за ментални способности за политичари постари од 75 години, е „смешно“.
Коментарите на првата дама на САД за Си-Ен-Ен ја охрабрија очекуваната кандидатура на Бајден за нов мандат, а во случај тој да победи на изборите во 2024 година, тој ќе има 82 години на инаугурацијата.
Џил Бајден рече дека е „апсолутно“ за тоа нејзиниот сопруг да се кандидира за претседател во 2024 година, пренесе Блумберг.