🎥 Четворица мртви и најмалку 18 ранети во престрелка во САД: Се нуди награда за информации за напаѓачите

од Илинка Илиоска
288 прегледи

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во масовно пукање во Бирмингем, во американската сојузна држава Алабама. Полицијата на местото на настанот пронашла тела на двајца мажи и една жена, а четвртата жртва починала од прострелни рани во болница. Засега никој не е уапсен, а полицијата трага по уште напаѓачи и понуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.

Инспекторите истражуваат дали напаѓачите дошле пешки или минувале со автомобил, кажа полицискиот службеник од Бирмингем Томас Фицџералд. Засега никој не е уапсен. Квартот Фајв поинтс саут е познат по ноќниот живот.

Што се однесува до повредените, Фицџералд кажа дека има „десетици жртви ранети со огнено оружје, од кои најмалку четири се во животна опасност“.

Според податоците на Архивот за оружено насилство, кој масовното пукање го дефинира како инцидент во кој четири или повеќе лица се повредени или убиени, во САД оваа година досега се забележани повеќе од 400 масовни пукања

Слични содржини