Силно невреме го зафати северот на Италија, а најлошо ги погоди Пиемонт и Ломбардија, каде беа причинета голема штета. Во близина на Торино од излевање на реката се урнал мост, а исчезнал и маж (58), чиј трактор го однела поројната река.
Пожарникарите бараат маж во близина на Торино, а целата потрага ја отежнува лошото време.
Од брегот до кој се стигнува по земјен пат кој сега е пресечен од водата, може да се види тркалото на возило превртено во коритото, кое излегува од матната вода, пишува Анса.
Бари го погоди силен дожд со кратки, но силни налети на ветер што предизвика поплави и прекин на патниот сообраќај. Подвозникот во центарот на градот и железничкиот подвозник се поплавени и затворени за сообраќај.
Во Венеција проблемот го создава плимата и осеката, а плоштадот Свети Марко е под вода.