🎥 Измамиле Германци за милион евра: Полицијата им упаднала во становите во Ниш и Нови Пазар, уапсени 13 лица

од Илинка Илиоска
324 прегледи

Меѓународната полициска акција се случи во Нови Пазар во врска со измами преку „кол-центри“ извршени од меѓународна организирана криминална група. Преку тие центри биле оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра.

При претрес на станови и други простории на 11 локации, од кои две се на територијата на Ниш и 9 на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети.

Уапсени се тринаесет лица за кривичните дела здружување заради извршување кривично дело и измама. Тие се изведени пред обвинител на Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал, додека едно лице е приведено до 48 часа, по што судот изрече забрана за напуштање на станот.

Акцијата е спроведена во соработка со Eвропол, Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа. Постапено е по барањето за меѓународна правна помош од Сојузна Република Германија, во соработка со Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Операцијата ПАНДОРА започна од шалтер во банка во Фрајбург, Германија. Кога во декември 2023 година, клиентот побарал да подигне над 100.000 евра во готовина, шалтерскиот работник од банката се посомневал и брзо дознал дека клиентот станал жртва на „измама од лажен полицаец“. Ја известил вистинската полиција која ја спречила жртвата да им ги предаде парите на измамниците.

Слични содржини