🎥 Русија тврди: Уривањето на двата моста е терористички напад

од desk4
30 прегледи

Рускиот истражен комитет објави дека уривањето на двата железнички моста, кои се случија во Курскиот и Брјанскиот регион на границата со Украина, се третира како терористички напад. Според властите во Москва, мостовите се урнале поради експлозии.

Првиот инцидент се случи синоќа во 22:50 часот во округот Вигоњич, во Брјанскиот регион. Мостот се урна од експлозија, а делови од него паднаа врз патнички воз кој минувал под мостот на линијата Москва – Климов. Во оваа несреќа загинаа седум лица, а околу 69 се повредени.

Неколку часа подоцна, околу 3:00 часот наутро, се урна и железнички мост во Железногорскиот округ во Курскиот регион. Во оваа несреќа воз што минувал над мостот падна на патот под него. Повредени се машиновозачот и двајцата помошници.  Рускиот истражен комитет засега работи на утврдување на сите детали околу овие инциденти.