Три лица, меѓу кои и едно мало дете, загинале кога биле испукани неколку истрели во автомобилот во кој се возеле, јавија денеска локалните медиуми.
Полициската управа на Бирмингем во Алабама на социјалните мрежи објави дека во тек е истрага за тројно убиство извршено на улицата 27 во северниот дел на градот, пренесува АП.
Quadruple Homicide Investigation
3400 27th Street North pic.twitter.com/YoaeoPVDMT— Bhampolice (@BhamPolice) July 14, 2024
Во соопштението за печатот се наведува дека полициските службеници одговориле на дојавата за сообраќајна несреќа на местото на престрелката во саботата околу 17:20 часот по локално време, јави локалната ТВ ВБРЦ.
Маж, жена и мало дете во автомобилот се здобиле со прострелни рани, а итната помош констатирала дека сите починале на лице место, пренесува Танјуг.