Снимка од претседателскиот авион на Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, снимена при нивното слетување во Виетнам, стана вирална. Во видеото, Брижит се гледа како со двете раце го турка лицето на својот сопруг – гест што дел од јавноста го протолкува како шега, а други како знак на тензии. Сепак, експертката за говор на телото Џуди Џејмс предупредува: нема ништо „игриво“ во таа сцена.
„Гестот што го видовме не би го опишала како некаква игра. Станува збор за силно туркање во лицето, доволно за главата да му се заниша и да мора да ја подаде раката за рамнотежа,“ изјави Џејмс. Според неа, ваквиот чин не смее да се нормализира под изговор дека е „шега“, особено кога доаѓа од јавна личност на светска сцена.
Иако Елисејската палата прво тврдеше дека видеото е лажно, подоцна го призна и го опиша инцидентот како „момент на блискост“. Но Џејмс го негира тоа толкување.
„Нема заедничка смеа, нема насмевки. Макрон мавта како да се обидува да изгледа смирено, но се гледа како го допира лицето – како да проверува што точно се случило,“ додава таа.
Уште позначајно, вели Џејмс, е тоа што Брижит не ја прифаќа подадената рака на Макрон додека се симнуваат по скалите, а тој ја стега тупаницата и делува раздразнет.
„Да ги ставеше рацете на нејзиното лице на истиот начин – дали ќе го нарековме тоа шега? Не треба да има двојни стандарди,“ нагласува Џејмс, додавајќи дека телото зборува многу појасно од зборовите.
Таа заклучува дека јавноста не треба да го прифаќа објаснувањето на инцидентот само на основа на изјавите, туку внимателно да го следи говорот на телото – кој во овој случај, според неа, јасно укажува на напнатост, а не на забава.
French President Emmanuel Macron was slapped by his wife during a family dispute that was caught on camera.
The incident occurred shortly after the French presidential plane landed in Vietnam.
What exactly enraged his wife remains unclear. pic.twitter.com/O8bnm4wVMC
— NEXTA (@nexta_tv) May 26, 2025