Додека веста за неговиот наводен развод од српската тенисерка Ана Ивановиќ го полни медиумскиот простор, германската фудбалска легенда Бастијан Швајнштајгер очигледно реши да го сврти фокусот кон нешто сосема поинакво, патувања и нови искуства. Тој е во повеќенеделна турнеја низ светот, во рамки на промотивната кампања поврзана со Лигата на шампионите. Во моментов престојува во Африка, каде што, според објавите на Инстаграм, максимално ужива во локалната култура.
На една од последните објави, германскиот ас е насмеан и очигледно фасциниран од традиционален африкански танц кој специјално му бил изведен. И додека многумина му коментираат за неговиот приватен живот, Швајнштајгер не делува засегнат, напротив, со ентузијазам ги споделува моментите со своите следбеници.
Иако во фокусот е личниот аспект од неговиот живот, треба да се нагласи дека Швајнштајгер одамна ја има обезбедено својата финансиска стабилност, главно преку богати спонзорски договори и успешна фудбалска кариера. Погледнете го моментот со традиционалниот африкански танц за Швајни: