🎥 Синот на Александар Вучиќ учествувал во нередите во Германија, во последен момент бил запрен

од Milan1
456 прегледи

На социјалните мрежи се шират видеа од нереди од улиците на Гелзенкирхен, еден од германските градови домаќини на натпреварите на Европското првенство. Нередите ги предизвикале навивачи на Албанија и Србија.

Албанци ги нападнаа српските навивачи додека го чекаа мечот со Англија, а српските медиуми неколку часа подоцна објавија дека на местото на настанот бил и Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ.

На видеото кое беше објавено се гледа како Данило Вучиќ решително се движи кон местото на навивачкиот конфликт, но во тоа го спречуваат припадниците на Кобра, воената полиција за специјални намени. Тие го држеа Вучиќ за раце за да го спречат да се судри со албанските навивачи. Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Во конфликтот повреден е еден српски навивач, на кој му е укажана лекарска помош, додека бројот на уапсените навивачи се уште не е познат.

Слични содржини