Делови од Словенија во попладневните часови беа погодени од супеклеточна бура. Невремето кое помина низ централна Словенија донесе силен град, ветер и врнежи од дожд. Во некои делови на Словенија невремето го нарушува сообраќајот и ја намалува видливоста.
Од сообраќајниот информативен центар предупредуваат дека на коловозите можно е да има повеќе вода. На возачите им се препорачува да возат внимателно и да не застануваат под надвозници или во тунели.
Според прогнозите на Агенцијата за животна средина на Република Словенија, сè уште ќе има врнежи или невреме, особено во северната делови од земјата.
Како што пренесуваат медиумите, некои возачи засолниште од невремето побарале под надвозникот, што е многу опасно кога има невреме, предупредуваат од Полицијата.