Каде и да се појави, Ким Кардашијан секогаш знае како да привлече внимание — било со своите модни избори или со неочекувани, комични ситуации. Оваа година на Мет Гала, реалити ѕвездата повторно беше во центарот на вниманието, но не само поради впечатливиот стајлинг.
Ким за првпат зачекори на скалите на Метрополитен музејот на уметност во 2013 година, облечена во тесен цветен фустан од „Живанши“ додека беше бремена со ќерката Норт Вест. Оттогаш, нејзиното присуство на ова модно случување стана традиција. Секоја година ги изненадува модните критичари и обожавателите со својот храбар и неконвенционален избор на гардероба.
На овогодинешната Мет Гала, одржана под темата „Суперфино: Кроење црн стил“, со фокус на афроамериканскиот моден израз и дендизмот, Ким одбра провокативен и впечатлив изглед. Таа се појави во целосно црн кожен комплет од брендот Chrome Hearts, инспириран од западниот стил и современата улична мода. Комбинацијата вклучуваше кожен елек со крокодилски дезен, долго здолниште и доминантен каубојски шешир што ѝ го прекриваше лицето.
Додека нејзиниот outfit предизвика поделени мислења за тоа колку одговара на темата, вистинскиот момент што ги освои социјалните мрежи беше нешто сосема неочекувано. На едно видео што стана вирално, Ким беше снимена во незгодна ситуација на скалите: додека го местуваше фустанот, еден од нејзините вештачки нокти буквално „катапултираше“ по скалите. И покрај тоа, Кардашијан успеа да остане прибрана и сериозна, покажувајќи професионализам и самоконтрола.
Овој момент предизвика смеа и симпатии од страна на публиката, докажувајќи дека дури и на најгламурозните настани, може да се случи нешто неочекувано и човечки.
@alonainthecity Oops 🙈 #kimk #kimkardashian #kardashian #kardashians #wardrobemalfunction #redcarpetfail #metgala #metgala2025 #metgalaredcarpet #nails ♬ Oh No – Kreepa