🎥 Снуп Дог го носеше олимпискиот факел во Париз

од Илинка Илиоска
74 прегледи

Снуп Дог е хит музичар, реалити ТВ ѕвезда, дури и коментатор на Олимпијадата. Денеска тој на својот список додаде и  носење на олимпискиот факел во Париз.

52-годишникот го носел олимпискиот оган во област до стадионот „Стад де Франс“ во северното париско предградие Сен Дени.

Неговиот дел од штафетата е претпоследната фаза пред вечерашната церемонија на отворање. Сè, помина без проблеми, пишува ESPN.

Меѓутоа, истото не може да се каже за француската железничка мрежа, која претрпе големи прекини во петокот наутро пред церемонијата на отворање.

Француската железничка компанија SNCF соопшти дека нејзините железнички линии биле оштетени во текот на ноќта пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

„Во текот на ноќта, SNCF беше жртва на неколку истовремени злонамерни дејства на LGV Atlantique, север и исток. Намерно се подметнати пожари кои ги оштетија нашите објекти“, соопштија од компанијата на социјалната мрежа Икс.

Како што претходно беше најавено, факелот покрај раперот Снуп Дог ќе го носат и француската актерка Летисија Каста, францускиот рапер MC Solar, како и пензионираниот украински скокач со стап Сергеј Бубка.

„Да славиме, да ги направиме овие игри незаборавни, да го оставиме најдоброто да го заблеска златото“, изјави Снуп Дог, кој американскиот канал NBC го ангажираше како еден од коментаторите на Олимписките игри во Париз.

„Пораснав гледајќи ги Олимписките игри и многу сум возбуден што ги гледам овие неверојатни спортисти како се најдоброто од себе во Париз“, изјави раперот за NBC. Неговите социјални мрежи покажуваат дека тој е особено голем љубител на кошарката и американскиот фудбал.

Snoop Dogg carrying the Olympic torch is a vibe pic.twitter.com/ZP5fUVDvav

— Bastien Fachan (@BastienFachan) July 26, 2024

Слични содржини