Голем скандал ја тресе Полска поради обвиненијата против еден милионер, кој наводно намерно поплавил дел од градот Јеленија Гора за да го заштити својот бизнис. Според извештаите од „Газета Виборча“, градот е тешко погоден од поплави, кои го блокирале сообраќајот и предизвикале опасност по животите на жителите. Нивото на водата достигнало историски рекорди, надминувајќи го оној од 1997 година, кога градот беше уништен од слична катастрофа.
Rozkopał wały, żeby ratować własny tyłek kosztem całego miasta?🌊 Znacie Piotra Śledzia, „milionera z Instagrama”? Jego ośrodek Holiday Park & Resort w Cieplicach, tak jak i wiele innych zwyczajnych obiektów w Jeleniej Górze, wpadł w niezłe tarapaty z powodu powodzi, teren… pic.twitter.com/EGiPdk057W
— Ekonomat (@ekonomat_pl) September 16, 2024
Жителите го обвинуваат милионерот, кој неодамна се преселил во областа и изградил станбен комплекс, дека наредил изградба на насип во близина на одводот за да го заштити неговиот имот. Според нив, оваа постапка ја пренасочила водата кон другите делови од градот, предизвикувајќи големи штети. Градоначалникот на Јеленија Гора изјави дека ќе го истражи случајот и ќе ги испита сите мерки што се преземени за да се утврди одговорноста.
Компанијата на милионерот, „Холидеј Парк Ресорт“, одбива да ги коментира обвинувањата, а жителите се во исчекување на официјалната истрага која треба да ги утврди фактите. Надлежните органи најавија дека ќе започнат истрага за да се утврди дали е направено прекршување и какви последици ќе следат.
Że co?
“Prawdopodobnie podtopienia w Jeleniej Górze są spowodowane tym, że w trakcie budowy osiedla Deweloper rozkopał wał przeciwpowodziowy w celu ułatwienia dostępu ciężarówek na budowę.”
Jeśli to prawda to 🤡🤡🤡🤡#Powódź pic.twitter.com/zmtkiyyzzy
— Ezekiel (@PlatekZbozowy) September 15, 2024
Во меѓувреме, Полска продолжува да се справува со последиците од катастрофалните поплави, кои го зафатија регионот за време на викендот, а пукнатината на браната во Пачкова само ја влоши ситуацијата.