Јужноафриканската пејачка Тајла ги привлече сите погледи на овогодинешната Мет Гала во необична креација. 22-годишната девојка пристигна во фустан од Balmain прекриен со песок, во комбинација со чанта во форма на песочен часовник.
На Тајла ѝ била потребна помош при качување по скалите поради оваа креација, а подоцна пет мажи носеле дел од нејзиниот фустан кој се влечел по подот. На прашањето дали воопшто би можела да седне во овој фустан, пејачката кратко одговорила: „Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“.
Tyla is lifted up the stairs at the #MetGala. pic.twitter.com/XYpkS41WMG
— Variety (@Variety) May 6, 2024
Официјалниот дрес код за настанот беше „градината на времето“, а Тајла претходно објасни за Vogue дека нејзиниот фустан е инспириран од „песокот на времето“. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустинг, изјави дека е воодушевен од идејата за оваа креација.
„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата за мода на облека од нешто минливо како песок ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам посреќна со крајниот резултат“, рече таа.