Како што пренесува Motor1, беше само прашање на време кога некој електричен хиперавтомобил ќе го предизвика Rimac Nevera. Помалку познатиот бренд сега го симна од тронот хрватскиот ѕвер. На 8 јуни, јапонскиот Aspark со новиот SP600 достигна 438,7 km/h со вградениот Racelogic V-Box (26,7 km/h подобар од Nevera).
Произведен во Италија од Manifattura Automobili Torino, Aspark SP600 беше доведен до границите на АТП полигонот во Папенбург. Тоа е истата германска патека каде Nevera го постави претходниот рекорд за максимална брзина во 2022 година и 23 дополнителни рекорди една година подоцна.
Зад воланот на новиот крал на брзината на ЕВ беше Марк Басенг, 45-годишен Германец кој исто така постави рекорд во кругот на Нирбургринг во 2010 година со Pagani Zonda R.