39
Хрватската пејачка Нина Бадриќ денеска го слави својот 52 роденден. Таа токму на денешен ден реши да објави нова песна наречена „Kako si“.
„Албумот е готов, а јас сум многу нестрплива да и ги претставам сите песни на публиката. Го отворивме со #onokad, а сега на мојот роденден доаѓа песната „Kako si“. Песната зборува за тоа колку малку луѓе всушност се грижат за тоа како навистина сме. Живееме во време на отуѓување, а оваа песна е токму за тоа дека срцето ни крвари пред очите на светот, а малкумина застануваат и покажуваат вистинска грижа“, изјави Нина за песната.
Песната „Kako si е придружена со видео запис, кој е продолжение на соработката со Арнеј Мисирлиќ, кој го потпиша и спотот за претходната песна #onokad.