🎥„Beogradski sindikat“ објави песна посветена на учениците на Рибникар

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Хип-хоп бендот „Beogradski sindikat“ ја објави песната и спотот „Anđeli žive doveka“ во спомен на трагично загинатите ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година.

Од групата изјавија дека „песната е создадена во знак на сеќавање и почит кон малите ангелчиња (и еден голем), додавајќи дека видеото е снимено по повод годишнината од страдањата „со согласност и поддршка на родителите и семејствата на жртвите“.

На видеото се прикажани сцени од училиштето и празните клупи и училници, како и слики од деветте убиени ученички Ана Божовиќ, Софија Негиќ, Мара Анѓелковиќ, Андрија Чикиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ и Адриана Дукиќ, како и училишниот чувар Драган Влаховиќ.

Слични содржини