🎥Гледаноста на овие филмови се зголеми за стотици проценти по смртта на папата Франциск

од Nikola Popovski
344 прегледи

Гледаноста на филмот „Конклава“, кој раскажува за процесот на избор на нов папа и во кој главната улога ја има Ралф Фајнс, е зголемена за 283 отсто на стриминг платформите, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на податоци од порталот „Луминејт“ што ја следи гледаноста на стриминг платформите.

На денот на смртта на папата Франциско, 21 април, „Конклава“ низ светот се гледала околу 1,8 милиони минути, а до крајот на следниот ден, бројот на минути се зголемил на 6,9 милиони.

„Конклава“ е драма од 2024 година на режисерот Едвард Бергер, која ги следи превирањата во процесот на избор на нов папа, а беше наградена со Оскар за најдобро адаптирано сценарио.

Покрај „Конклава“, за повеќе од 400 проценти се зголемила и гледаноста на филмот „Двајца папи“ на режисерот Фернандо Меирелес. Тој филм прикажува измислен дијалог меѓу папата Бенедикт Шеснаесетти и тогашниот надбискуп на Буенос Аирес, Хорхе Бергољо, односно идниот папа Франциско.

Слични содржини