🎥Голем пожар во Кина: Најмалку 16 лица загинаа, опожарена зграда со 14 ката и трговски центар

од Илинка Илиоска
11 прегледи

Најмалку 16 лица ги загубија животите во пожар во трговски центар во градот Зигонг, во југозападна Кина, јавија државните медиуми.

Пожарот избувнал во 14-катница, а пожарникарите успеале да извлечат 75 луѓе на безбедно, јави новинската агенција Ксинхуа.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот, а спасувачката операција се уште е во тек, јавува АП.

Центарот опфаќа бројни ресторани, стоковна куќа, кино и канцеларии, а во моментот на пожарот внатре имало многу луѓе.
На видеата на социјалните мрежи може да се забележи густ црн чад, а како што пренесуваат локалните медиуми, пожарникарите користеле и дронови при гаснењето.

Слични содржини