Кинескиот технолошки гигант Huawei објави дека, ден пред претставувањето на новиот телефон iPhone 16, добил повеќе од 3 милиони преднарачки за смартфонот Mate XT, со кој се исклучително горди.
И покрај американските санкции, компанијата Huawei продолжува да бележи позитивни деловни резултати, а последниот е забележан само ден пред претставувањето на новиот iPhone.
Иако телефонот со тројно преклопување на Huawei не беше официјално претставен, Huawei Mate XT доби повеќе од три милиони сопственици.
Покрај три милиони пред-нарачки на уреди, Mate XT сигурно ќе остане запаметен во светот на мобилната технологија како првиот смартфон со тројно преклопување.
Кога е затворен, има екран со големина од 6,4 инчи, а кога е полуотворен, имате екран од 2K од 7,9 инчи. Целосно отворениот Huawei Mate XT има екран со големина од 10,2 инчи, односно 3K екран.
Станува збор за исклучително тенок телефон кој е дебел 3,6 mm кога е отворен и 12,8 mm кога е затворен.
Многу е поотпорен на отворање и затворање, односно на бројот на превиткување. Има исклучително квалитетни камери, како што сме навикнати од Huawei, а неговата „дебелина“ не го намали капацитетот на батеријата кој е 5.600 mAh.
Цените на уредот, кој засега ќе биде достапен само за кинескиот пазар, се движат од 2.800 долари (16GB RAM/256GB меморија) до 3.369 долари (16GB RAM/1TB меморија).