Компанијата SpaceX на Илон Маск успешно ја лансираше „Starship“, најмоќната ракета во светот, постигнувајќи нешто што досега не било постигнато. За време на ова лансирање, SpaceX за прв пат се обиде и успеа безбедно да го приземји својот ракетен фрлач, наречен „Super Heavy“.
По лансирањето, носачот се врати во лансирната рампа каде што прецизно го фатија масивни метални краци. „Ова е апсолутно неверојатно!“ извика инженерот на SpaceX, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Додека мисијата за враќање на „Super Heavy“ е успешно завршена, летот на Starship сè уште е во тек. По раздвојувањето, леталото ги активирало сопствените мотори и сега се движи низ вселената.
Watch Starship's fifth flight test https://t.co/LVrCnTv797
— SpaceX (@SpaceX) October 12, 2024
За околу еден час се очекува да се врати во атмосферата на Земјата, што претставува уште еден клучен и ризичен момент од овој лет. Планирано е Starship да изврши маневар за слетување над Индискиот Океан.
The tower has caught the rocket!!
pic.twitter.com/CPXsHJBdUh— Elon Musk (@elonmusk) October 13, 2024
Ова е петти тест на Starship, откако леталото постигна значителен успех во март оваа година, надминувајќи ги двата претходни обиди кои завршија со експлозии веднаш по лансирањето.