🎥Јутјубер уништи McLaren Senna

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Еден од најдобрите хипер спортски автомобили не издржа долго во рацете на популарен Јутјубер.

Едмонд Бресегијан, познат како Монди на Јутјуб, се урнал со својот Hummer EV минатата година веднаш по излегувањето од салонот, откако возел десет километри. Ова не го спречи да купува нови автомобили, пишува Index.

Неодамна на тој начин купи McLaren Senna, со опции кои чинат стотици илјади долари. Вреден повеќе од милион долари, но наменет и за оние со возачки вештини и здрав разум, овој автомобил однапред беше осуден на брз крај.

А тоа се случи неодамна во Лос Анџелес, кога Монди реши уште еднаш да ги покаже своите возачки способности. Секако, тој не успеал да ја контролира траекторијата на возилото и по кратко палење на гумите слетал на патот во автосалонот Lexus. И тоа беше крајот за првиот Senna кој пристигна во Америка.

Слични содржини