🎥Косовската полиција влезе во филијалите на Поштата на Србија во четири општини на север

од Илинка Илиоска
102 прегледи

Косовската полиција изврши рација во филијалите на Пошта Србија во четири општини на северот на Косово – во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, објавиија тамошните медиуми.

Заменик командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави дека полицијата извршила рација во вкупно девет згради.

Ељшани изјави дека полицијата излегла на терен по пријава од Регулаторното тело за поштенски врски со цел да изврши увид кај операторите и да утврди дали имаат лиценци за работа. Тој нагласи дека во моментов се проверуваат девет локации во четири општини на северот на Косово и дека нема уапсени.

Полицајците вадат документи од поштенските простории и ги запечатуваат зградите

Инаку, во мај косовската полиција изврши рација и затвори филијали на Поштанска штидиница на северот на Косово, што по забраната за употреба на динари дополнително ја влоши положбата на Србите во покраината.