Ова Ferrari F12tdf има 7,3-литарски V12 и 780 КС кои теоретски би му овозможиле да забрза од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и да достигне максимална брзина од 340 km/h. Сепак, прототипот на Ferrari F12tdf од 2014 година што се продава на Bring a Trailer има максимална брзина од само 15 mph (околу 24 км/ч).
Сепак, има и такви кои го сакаат и за тоа ќе понудат 420.000 евра или 450.000 долари.
Зошто Ferrari во совршена возна состојба едвај надминува 20 km/h? Тоа е прототип. По завршувањето на неговата функција, софтверот на Ferrari ги ограничи автомобилот и моторот така што може да се користат само како декоративен елемент. Ова е вообичаена практика во индустријата и не е единствена за Ferrari. Брендовите не сакаат прототипите да се користат на патот за да се избегнат идни тужби и лош публицитет. Исто така, прототипот не ги задоволува стандардите на марката во однос на финишот, опремата и пред се доверливоста, пишува „ХАК“.
Дилерот го увезол во САД како ревијален автомобил, што бил единствениот легален начин за тоа. По неколку години овој дилер решил да го продаде, иако е невозможно да го регистрира и да го користи на пат. Имено, покрај скромната брзина, недостасува и бројот на шасијата.
Притоа, на неколку места пишува дека возилото не е легално за користење на пат.