Веќе некое време е познато дека Bugatti ќе го претстави својот нов хиперавтомобил оваа година, а сега и официјално е објавено дека ќе пристигне во јуни и дека ќе биде придвижуван од V16 хибриден погонски систем. Соопштението е придружено со кратко видео.
Уште порано беше потврдено дека сепак ќе има мотор со внатрешно согорување, но не и V16. На тој начин, 8.0-литарското чудовиште со четири турбо е повлечено и заменето со V16 како дел од хибридниот погонски систем.
„Со секоја генерација на својот хиперспортски автомобил, Bugatti ги издигнува стандардите за дизајн, инженерство, перформанси и изработка на нови височини“, се вели во соопштението.
„И оваа година, осум години од откривањето на Chiron, Bugatti му ја покажува на светот првата страница од најновото поглавје во својата богата историја. Во јуни, модерната линија на Bugatti ќе ја дочека својата најнова еволуција; нов автомобилски белег со V16 хибриден погон во неговото срце“.
Претходно, извршниот директор на Bugatti-Rimac, Мате Римац, изјави дека ќе бидеме „воодушевени“ од новиот модел. Тој понатаму спомна дека новиот модел ќе добие досега невидени карактеристики и „високо електрифициран“ погонски агрегат базиран на „многу атрактивен мотор со внатрешно согорување“.
Поранешниот директор за дизајн на Bugatti, Ахим Аншејт минатата година изјави дека автомобилот ќе биде „уште поневеројатен“ од Mistral: „Ќе биде неверојатно, пропорционално, технолошки, во смисла на иновации, во смисла на неочекуваност“.
Bugatti работи на дизајн на автомобил од 2021 година. Треба да се напомене дека претстојниот хибриден хиперавтомобил беше последното возило потпишано од Аншејт кој се пензионираше во 2023 година по речиси две децении на чело на дизајнот на Bugatti.
Гласините велат дека автомобилот би можел да биде уште поексклузивен од неговите претходници, кои имаа серија од 500 единици за Chiron и само 450 единици за Veyron. Како што откри Мате Римац на Инстаграм, новиот модел бил прикажан зад затворени врати во ноември 2023 година. Ова се случило за време на состанокот со партнерите на компанијата одржан во Берлин.
Иако до светската премиера остануваат само неколку месеци, испораките до клиентите нема да започнат дури во 2026 година. Француската марка е зафатена со комплетирање на производството на моделите Mistral и Bolide, кои се ограничени на 99, односно 40 примероци.