На YouTube е објавен трејлерот за Формула 1 филмот на Apple, кој во кината ќе излезе на 25-ти јуни оваа година, а во него игра познатиот холивудски актер Бред Пит.
Покрај Пит, во филмот играат и други големи имиња како Хавиер Бардем, Дамсон Идрис, Кери Кондон, Тобијас Менцис и Ким Бодниа. Режисер е Џозеф Косински, кој работеше и на филмот „Top Gun: Maverick“, сценариото го напиша Ерен Кругер, а музиката ја компонираше легендарниот Ханс Цимер.
Секој кадар од трејлерот укажува на тоа дека се работи за луксузно производство, што беше очекувано со оглед на огромната инвестиција.
Филмот испорачува многу холивудска спортска драма, и иако приказната е измислена, во него се прикажани вистински тимови и личности од светот на Формула 1.
Популарноста на Формула 1 расте, а Netflix сега има неколку сезони од документарна серија која ги следи настаните во овој шампионат.