Шенон Шарп, американски водител и поранешен спортист, се најде сред крајно бизарен скандал по неверојатниот гаф кој му се случи.
На Инстаграм профилот на Шарп се појави таканаречен „стрим“, а на него можеше да се слушне две лица кои водат љубов.
Иако Шарп првично се обиде да се оправда за неверојатната грешка велејќи дека неговиот „профил е хакиран“, интересно е дека една женска личност по име Мишел го повикала по неговото име.
Оттаму тој самиот објаснил што се случило:
„Тоа бев јас, здрав, активен човек. Го фрлив мојот телефон на креветот“, открил Шарп за време на подкастот „Nightcap“ со Чад Џонсон:
„Срцето ми потона… После тоа морав да се јавам на мојот агент, агенцијата, се јавив на ESPN… Морав да им ја кажам вистината, мојот телефон не беше хакиран“.
Unc talks about his viral moment on ig @ShannonSharpe @ochocinco @ShayShayMedia_ pic.twitter.com/dOWaM7ixnY
— Nightcap (@NightcapShow_) September 12, 2024
JUST IN: ESPN’s Shannon Sharpe allegedly accidentally went live on Instagram while getting freaky and claims he was hacked
“Beware my [account] Instagram was hacked this morning, my team and I are working vigorously to figure this out.
-UNC” pic.twitter.com/i1Rn23X3pB— Unlimited L's (@unlimited_ls) September 11, 2024
Шарп има богата кариера зад себе, откако освои три титули како НФЛ играч – две со Денвер Бронкос и една со Балтимор Равенс, по што се префрли во медиумските води.
Иако има работено на бројни емисии поврзани со НФЛ, најголемата слава ја стекна во шоуто „Udisputed“ со Скип Бејлис.
Моментално работи на „ESPN“ во емисијата „Fist take“. Член е на Куќата на славните.