Благодарение на објавата на социјалните мрежи, јавноста дозна дека актерката Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели станале родители на девојче.
„Конечно е тука! Нашиот мал божествен плод“, напиша музичарот покрај објавено видео, фалејќи се дека неговата поранешна партнерка го родила нивното дете.
View this post on Instagram
Меган роди девојче, чие име, барем засега, е непознато за јавноста.
Актерката откри дека е бремена уште во ноември минатата година, кога објави фотографија од трудничкиот стомак, означувајќи го раперот во објавата. Таа потоа објави фотографија од позитивен тест за бременост, а четири месеци подоцна, на 27 март, пристигна и малата принцеза.
View this post on Instagram
Сето ова се случи неколку месеци откако Меган Фокс и раперот чие вистинско име е Колсон Бејкер, ја прекинаа веридбата и тргнаа по својот пат по четири години прилично турбулентна врска.
Инаку, Фокс има три сина, Ноа, Боди и Џорни од бракот со актерот Брајан Остин Грин.