🎥Селото Злате кај Јабланица повеќе не се препорачува за живеење

од Nikola Popovski
74 прегледи

Катастрофални поплави со човечки жртви и огромни материјални штети синоќа погодија делови од Босна и Херцеговина. Според информациите од терен, најтешка е состојбата во Јабланица и Фојница. Во овие две општини досега загинале 18 лица (16 во Јабланица, две во Фојница), а ништо подобра не е состојбата и во Кисељак, Крешево и Коњиќ. Апокалиптични сцени денеска пристигнуваат и од селото Злате кај Јабланица, кое според мештаните повеќе не се препорачува за живот.

Армин Ризвиќ од Јабланица на социјалните мрежи сподели видео и фотографии од ова село наведувајќи дека е во катастрофална состојба поради што веќе нема услови за живот.

Навел дека патната комуникација од Јабланица до Посушје е под знак прашалник бидејќи некои делови од патот веќе не постои.

Синоќа долго време во ноќта врнел силен дожд кој до утрото предизвикал огромна материјална штета во повеќе делови на Босна и Херцеговина. Дополнително, евидентирани се и човечки жртви, а засега официјалните информации говорат дека се потврдени 15 жртви низ целата земја.

Освен Јабланица, која е најпогодена, подобра не е состојбата ниту во Фојница, Кисељак, Крешево и Коњиќ.

Дополнително, семејствата пријавуваат голем број исчезнати лица, бидејќи во Јабланица се активирало лизгање на земјиштето, буквално затрупајќи куќи и други објекти.

Поради сето наведено, блокирана е и патната комуникација во јужна и централна БиХ.

Сообраќајот е целосно во прекин на главниот пат Сараево-Мостар, бидејќи патот е уништен, а патиштата преку Бугојно и Фоча се наведени како алтернативни правци.

Слични содржини