🎥Шефовите на Koenigsegg, Rimac и Hennessey разменија суперавтомобили

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Koenigsegg Jesko Attack, Rimac Nevera и Hennessey Venom F5 Revolution се трите „најлуди“ хиперавтомобили во светот, а Top Gear неодамна ги собра на патеката, но и основачите на компаниите кои ги произвеле.

И додека трите компании може да се сметаат за ривали, Кристијан фон Коенигсег, Мате Римац и Џон Хенеси имаат голема почит еден кон друг, и секој од нив доби шанса да ги тестира болидите на своите конкуренти.

Хенеси прво седна зад воланот на моделот Jesko Attack и изгледаше импресиониран, пофалувајќи го моторот и велејќи дека се чувствува прилично страшно со намалениот систем за контрола на тракцијата. Тој исто така додаде дека автомобилот е „суров, но рафиниран“, алудирајќи на тоа дека има двојна личност.

Римац влезе во Venom F5 Revolution и не се двоумеше да ги достигне крајните граници, па искористи се што овозможува најмоќниот мотор со внатрешно согорување вграден во сериски автомобил.

Фон Коенигсег, исто така, имаше можност да ги вози Venom F5 и Nevera, а двата болида го импресионираа, особено „електричната ракета“ на Римац на која брзо се навикна.

Мате возеше најтешко, особено кога го возеше моделот Jesko Attack, и го спореди неговиот твин-турбо V8 мотор со оној на мотоцикл. Промените на брзините беа очигледно побрзи во споредба со Venom F5.

На крајот од видеото, Мате го одведе Кристијан на возење во Nevera и објасни некои инженерски детали пред да ги покаже способностите на неговиот автомобил да ги уништувa гумите.

Слични содржини