Сирискиот претседател Башар Ал Асад ја напушти земјата откако бунтовниците влегоа во Дамаск, а светот беше шокиран од снимките од вчерашната претседателска палата и луксузот што бунтовниците го пронајдоа внатре.
Откако претседателот избега од земјата, а луѓето упаднаа во неговата резиденција, видеа и фотографии го обиколија светот.
Ќебиња и чаршафи се расфрлани по подот, а на снимката се гледа како едно лице држи портокалова кутија „Луј Витон“, додека друг носи торба преполна со предмети.
Луѓето позираа за селфи по ходниците, додека друга снимка покажува бунтовник како седи на бирото во канцеларија со карти расфрлани околу него.
Исто така кружи видео, наводно направено во гаражата на Башар Ал Асад, на кое се гледа неговиот луксузен возен парк. Во гаражата се снимени десетици автомобили, меѓу кои „Ферари“, „Ауди“, „Мерцедес“…
Vehicles in Assad's parking lot: pic.twitter.com/K4DOpVACbE
— Update NEWS (@UpdateNews724) December 8, 2024