🎥Специјален тест: Некој фрли Фолксваген Тигуан и Пежо 3008 по рид

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Колку се безбедни денешните автомобили? Во лабораториски услови тоa е контролиранo од Euro NCAP со неговите тестови за несреќа. Но, што е со ненаучните методи?

Некој се сетил да фрли две коли по ридот, се работи за Пежо 3008 и Фолксваген Тигуан. Тие не се најнови модели, туку се претходни генерации, кои исто така беа конструирани според највисоките стандарди, пишува „ХАК“.

Нема многу податоци, не знаеме точно каде се одржал овој тест, но на прв поглед може да се каже дека по шест-седум и пол превртувања двата автомобили поминаа совршено. На потписот пишува дека тестот го спровел CS Automotive Group, лоцирана во Малезија.

Значи, можеме да претпоставиме дека ова се случило некаде во Малезија…

https://www.youtube.com/watch?v=G-aRhl5dFEc