🎥Уапсена инфлуенсерка – објави дека оди на шопинг, но всушност краделa од продавница

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Инфлуенсерка од Флорида е уапсена за кражба, откако полицијата ги искористила нејзините објави за да ѝ влезе во трага, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата влегла во трага на осомничената откако анонимен граѓанин им помогнал да ја идентификуваат на Instagram и TikTok, пишува New York Post.

Марлена Велез (22) се соочува со обвиненија за наводна кражба на повеќе од 500 долари од продавницата Target во Кејп Корал на 30 октомври, пишува Fort Myers News-Press.

Наводно, инфлуенсерката била „фатена“ како споделува снимки од безбедносните камери на касата, каде што биле скенирани лажни баркодови кои наведуваат пониски цени за артиклите што ги купува.

Полицијата соопшти дека осомничената всушност украла 16 предмети, вклучително и предмети за домаќинството и облека, во вредност од 500,32 долари.

Велез, инаку, објавува видеа на TikTok за нејзиниот живот како мајка на две деца.

Слични содржини