🎥Ужас во Шведска: 14-годишно момче застрела шест млади лица

Пукањето се случило околу два часот утрово во улица полна со барови и ресторани

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Printscreen/Youtube/CGTN

Четиринаесетгодишно момче е уапсено откако пукало во шест млади луѓе на прометна улица во шведскиот град Гавле.

Пукањето се случило околу два часот утрово во улица полна со барови и ресторани.

Голем број полициски патроли и служби за итни случаи одговориле на повиците од граѓани.

Момчето е обвинето за обид за убиство и ќе биде испрашувано во текот на денот. Жртвите се малолетници и сите се пренесени во болници. Нивната состојба не е откриена.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.