38,3K
Кијану Ривс деновиве привлекува внимание во Париз. Фотографите го фатија како оди со гитара на грб кон театарот La Cigale, каде што одржа концерт со бендот Dogstar.
59-годишниот Киану бил добро расположен и разговарал со некои минувачи.
@gwenviplivephotos #keanureeves and his #dogstar band leaving hotel before the show in Paris June 2. @Dogstar ♬ son original – gwenviplivephotos
Концертот го одржа на пауза од снимањето на неговиот нов филм Outcome, во кој глуми холивудска ѕвезда која е уценувана од некој со мистериозен видео клип. Поради ова, тој мора да погледне во своето минато и да се соочи со сопствените демони.
Поради оваа улога актерот ја промени и фризурата. Откако се појавија првите фотографии од сетот, тој изненади многумина со кратка коса, додека претходно ја носеше косата до рамениците.