Volkswagen официјално го претстави концептот на компактен и достапен електричен автомобил, ID. EVERY1. Ова е претходник на новиот „народен автомобил“, чие производство ќе започне во 2027 година.
Производната верзија на ID. EVERY1 ќе се појави во 2027 година со почетна цена од околу 20.000 евра, што е за 5.000 евра помалку од почетната цена на електричниот ID. 2all, кој ќе дебитира најрано во 2026 година. Двата модели се дел од новото семејство на електрични градски автомобили со погон на предните тркала и се базирани на модуларната платформа MEB.
Volkswagen ја позиционира новата ID. EVERY1 како наследник на моделот Up, кој се произведуваше до 2023 година. Почетниот електричен модел ќе се произведува во Европа и за неговиот пазар.
Од компанијата велат дека продукциската верзија на ID. EVERY1 користи фундаментално нова софтверска архитектура. Ова значи дека идниот електричен модел на почетно ниво ќе може да добива нови функции во текот на својот животен циклус.
Внатрешноста на ID. EVERY1 има едноставен дизајн со голем, централно поставен екран на допир. Под него се наоѓаат физички копчиња за контрола на температурата, греење и јачина на звукот. Патникот има пристап до променлива мултифункционална табла, на која може да се прикачат разни предмети како полица или таблет компјутер. Отстранлив Bluetooth звучник се наоѓа помеѓу возачот и совозачот.
ID. EVERY1 на VW е долг 3.880 mm и затоа е позициониран помеѓу поранешниот Up! (3.600 mm), ID. 2all (4.050 mm) и сегашното Polo (4.074 mm). Станува збор за четирисед со капацитет на багажникот од 305 литри. Го придвижува мотор кој испорачува 95 КС, има автономија од 250 километри и максимална брзина од 130 км/ч.
Volkswagen има намера да претстави уште еден член од семејството на електрични градски автомобили, ID. 2X, кој пристигнува наесен. Ова најверојатно ќе се случи на Саемот за автомобили во Минхен.