9
И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина паѓа обилен снег.
Турскиот новинар Рагип Сојлу објави видео од Анкара со натпис: „Во Анкара врне снег среде април“.
It snows in Ankara in mid-April pic.twitter.com/W25pICcR5r
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) April 11, 2025
Метеоролозите вчера предупредија на обилни врнежи и бурни ветрови.
Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, вчера најави дека сите образовни институции во турската престолнина денеска ќе бидат затворени поради очекуваните временски услови.